Aktinidija - Актинидија и расад на актинидии во Македонија

Print

Ботаничка припадност и стопанско значење на актинидија (киви)

kivi karakteristiki 

Актинидија (киви) е егзотично, повеќегодишно, листопадно, дводомно, лијанесто растение кое спаѓа во групата на јагодесто и суптропско овошје. Потекнува од Југоисточна Азија. Има голем број на видови во дива форма но само видовите Actinidia deliciosa и Actinidia chinensis имаат поголемо стопанско значење. Во светски рамки се произведуваат околу 1 милион тони плодови од актинидија. Најголем производител е Италија, а по неа следи Ноз Зеланд, Чиле, Франција и итн. Плодовите на актинидија имаат висока биолошка вредност, и пријатни се за конзумација во свежа состојба. Тие содржат поголема количина на јаглен хидрати, киселини, витамини, белковини и минерални материи. Плодовите можат да се користат и за различни видови на преработка. Актинидијата најдобро успева во медитерански, субмедитерански услови на кај нас со помал успех меже да се одлегува и во потоплите континентални подрачја. Во поволни услови актидинијата може да даде високи приноси и над 30 т/ха.

     Актидинијата спаѓа во класа Magnoliate, ред Theales, фамилија Actinidiaceae, род Actinidia, а овој род се дели на 4 секвенци кои опфаќаат повеќе од 60 вида. Во создавање на културните сорти актинидија свое учество имаат 5 вида кои потекнуваат од Азија и тоа: A.afruta, A. colomikta, A. poligama, A. chinensis и A. deliciosa.

      Актинидијата е повеќе годишно растение кое е по своите морфолошки особини е слична на винова лоза. По својата природа на растење спаѓа во лијани и за исправен пораст потребна им е потпора. Леторастите растат интензивно од 4 до 5 м, а и повеќе. Во поволни услови може да живеее и до 50 години. Таа е дводомно растение и затоа во еден насад треба да се посадат женски и масшки растенија. Во пракса обично се садат едно машко и 6 до 8 женски растенија. Поленот од машките цветови е тежок и леплив па за опрашување на женските цветови потребни се инсекти односно пчелни семејства. Во последно време се создадени сорти со двополови цветови кои може да се одгледуваат како моносортни насади.

      За разлика од голем број на овошни култури кај нас досега кај актинидијата не се регистрирани болести и штетници, и поради тоа оваа култура практично се одгледува без заштита. Растенијата од актинидијата може да се одгледуваат на различни системи и тоа шпалир, пергола и тунел.

Еколошки услови на актинидија

      Овој овошен вид расте во потопли краеви каде што има доволна релативна влажност во возсухот односно покрај големи водени површини. Во однос на топлината има релативно високи барања. Најдобро успева со региони со средна годишна температура од 14.5 до 15°C. Во периодите на длабоки зимски мирувања културните сорти актинидија можат да издржат температура од -17 до -18°C. Од доцните пролетни мразови можат да измрзнат штотуку израстанти леторасти. Актинидијата исто така може да настрада и од рани есенски мразеви.

      Оваа култура за својот развој троши голема количина на вода па затоа за нејзино успешно одгледување во наши услови задолжително е наводнувањето.

      Во односот на почвените услови актинидијата најдобро вирае на длабоки, добро дренирани и лесни почви со добар воздушен и топлотен режим. Добри почви се со содржина од 2 до 3% хумус, pH од 5.5 до 7, а физиолошки активни карбонати не повеќе од 5 до 6%.

Опис на некои сорти на актинидиа

     Бидејќи актинидијата е дводомно растение се дели на: женски сорти (со функционално женски цвет) и машки сорти (Функционално машки, опрашувачи). Од женските сорти актинидија познати се неколку сорти и тоа: хејворд, топстар, бруно, монти, абот, елисон и други. Најпознати функционални машки сорти се: томура и матуа.

Хејворд

hejford antinidija kivi 

Ова е водечка светска сорта која е пронајдена во Нов Зеланд, во 1920 година, а во производство е од 1930 година. Во наши услови се бере прикрајот на октомври и почеток на ноември. Во ладилник плодовите можат да се чуваат од 5 до 6 месеци, на температура од 0 до 1°C. Оваа сорта е средно бујна, почнува да раѓа по 3 до 4 години. Осетлива е на хлороза, суша и ниска релативна влажност на воздухот. Цветовите се поединечни со кремасто бела боја. Со цветање започнува прикрај на мај, а добар опрашувач е сортата томура.Плодовите се крупни околу 100гр, воедначени по големина, по форма елиптично јајчести. Покриени со кафеава покожица и многубројни влакненца. Месото е со зеленкасто, сјајно сламеста боја, топива и со одличен слатко накисел вкус и квалитет.

Поради големиот број на позитивни особини оваа сорта во селекциони центри се користат како сорта која служи при хибридизација за создавање на нови сорти или пак од неа се издвојуваат поквалитетни клонови. Такви се сортите: топстар, елизабет, хејворд клон К, Katiuscua.

topstar mutant hejford elizabet mutant hejford hejford klon k katiuscia mutant hejford

Топстар - која е мутант од хејворд, има крупни плодови до 150 гр, по форма елипсично јајчести, со светло кафеава и влакнеста покожица. Откриена во Италија во 1985 година.

Елизабет - мутант, се бере многу рано крај на септември почеток на октомври, плодовите се крупни до 160 гр, со цилиндрична форма.

Хејвор клон К - мутант од хејворд, одберен во Италија во 1985 година. Се бере 10 дена пред изворната сорта. Плодот е крупен од 120 до 140 гр, по форма издолжено овален.

Katiuscia - создадена во Италија во 1992 година со хибридизација на сортите хејворд и АД 117. Плодовите се многу крупни до 160 до 180 гр, по форма се елиптично топчести.

Get a better hosting deal with a hostgator coupon or play poker on party poker
Copyright 2011 Aktinidija - Актинидија и расад на актинидии во Македонија.
Joomla Templates by Wordpress themes free