Jagoda - Јагода и расад на јагоди во Македонија

Print


Опис на некои сорти јагоди

    Во производната практика според биолошко-стопански особини сортите јагоди се делат на три групи: еднородни - сезонски сорти кои даваат една реколта во пролетта (во наши услови во текот на мај и јуни); ремонтантни - постојано родни кои даваат плодови во текот на цело лето и есен; лазечки сорти - даваат род на ластунки кои се прикрепуваат на потпорие. Цветаат и зреат во текот на цела пролет, лето и есен. Овој вид на сорти се одгледува повеќе како атракција по дворовите. Со најголемо стопанско значење се еднородните (сезонски) сорти кои по време на зреење се поделени на: многу рани, рани, средно рани, средно доцни, доцни и многу доцни сорти. Со чување на саден материјал во ладилници и примена на одредена технологија при производството оваа група на јагоди го губи сезонскиот карактер и од нив може да произведуваат плодови во текот на целата година.

    Сортиментот на јагодите е многу динамичен и речиси неможе да се зборува за современ сортимент. Така да прашањето за изборот на сортите за производните насади е доста деликатно прашање. При изборот на асортиментот треба да се води сметка за климатско почвените услови, системот и технологијата на одгледувањето, барањата на потрошувачите, намената на плодовите, близината на пазарот, отпорноста кон болестите и др. Во оваа прилика ќе опишеме неколку сорти кои во дадениот момент повеќе се одгледуваат во развиените јагодарски земји а се одгледуваат или пак може да се одгледуваат во нашите еколошки услови.

Ерис (Eris)

eris jagoda 

Потекнува од Италија. Ова е една од најраните сорти јагоди. Плодот е средно крупен, а преовладуваат плодови со конусна форма. Површината на плодот е интензивно сјајна, мазна со светло црвена боја. Месото е со портокалево црвена боја, слатко накисело, со изразено пријатна арома и со висок квалитет. Внатрешната шуплина на плодот е мала. Плодот е доста отпорен на транспорт и манипулација. Плодовите се погодни за свежа употреба, замрзнување и за индустриска преработка. Џбунчето е средно бујно и многу родно. Цвета рано, а цветовите имаат иста висина со листовите. Оваа сорта е доста отпорна кон причинителот на дамкавост на листовите (Mycosphaerela fragarie), пепелница на листовите (Sphaerotheca humuli) и сивото гниење на плодовите (Botritis cinereae). Осетлива е на хлороза.

Миранда (Miranda)

jagoda miranda 

Создадена е во 1985 година во Палермо, Италија. Спаѓа во групата на многу рани сорти. Зреењето на плодовите трае околу 20 дена. Плодовите се многу крупни. Преовладуваат плодови со срцеста форма и изразен врв. Површината на плодот изразито рамна, со портокалово црвена боја и интензивен сјај. Месото е портокалево црвено, цврсто, ароматично, со средно сладок до средно кисел вкус. Шуплината на плодот е голема и поради тоа лесно се деформира при бербата и при манипулација. Чашката на плодот е голема и тешко се одвојува од плодот. Џбунчето е бујно исправено, средно збиено и јако. Родноста му е многу висока. Цвета средно рано, а цветовите се изнад листовите. Многу е отпорна на ниски температури и суша, а доста е толерантна кон габните заболувања. Миранда е изразито трпезна сорта.

Кортина (Cortina)

cortina jagoda 

Создадена е Ферара,Италија во 1984 година. Плодот е средно крупен со правилна срцеста форма. Чашкините ливчиња се големи и лесно се одвојуваат од плодот. Површината на плодот е сјајна, мазна, со црвена боја и многу убава изглед. Месото на плодот е црвено портокалево, многу цврсто, ароматично и слатко накисело, со пријатна арома. Внатрешната шуплина е средно голема. Плодот е многу отпорен на манипулација и транспорт. Џбунчето е средно бујно со изразита родност. Растението е отпорно кон причинителот на црното гниење на коренот (Rhizoctonia solani), венеење на јагодата (Verticillium albo - atrum), дамкавост на листовите и пепелницата. Кортина е рана сорта, погодна е за одгледување во континентални услови, и за различни типови на почви. Плодот е квалитетен и погоден за сите видови на потрошувачка.

Покахонтас (Pocahontas)

 jagoda pokahontas

Создадена е во Мериленд, Соединетите Американски Држави, во 1946 година. Во нашата земја е интродуцирана пред триесетина години. Како резултат на добрата адаптираност во моментот е најраспространета сорта во производните насади во нашата земја. Погодна е за одгледување на отворено и во заштитени простории. Плодовите се средно крупни, сјајноо црвено обоени, со конусна форма и пресечен врв кој што често е сплескан. Дршката на плодот е тенка и долга. При бербата плодовите лесно се одвојуваат од дршката. Плодот има изразен врат и во повеќето случаи чашката не е прилегната на плодот. Месото е цврсто и сочно, темно портокалово, слатко накисело и ароматично. При презрејување плодовите не потемнуваат и не омекнуваат. Погодни се за консумација во свежа состојба и за преработка. Џбунчето е бујно, исправено. Создава многу лозички и розетки. Цвета доцна, а цветовите се заштитени со листовите, и затоа ретко страдаат од доцните пролетни мразеви. Покахонтас е многу родна сорта. Во услови на наводнвање приносот се дуплира. Отпорна е кон пепелница, дамкавост на листовите и сивото гниење на плодовите. Добра отпорност покажува и кон почвените заболувања.

Мармолада (Marmolada)

jagoda marmolada 

Создадена е во Ферара, Италија во 1984 година. По време на созревање спаѓа во групата на средно рани сорти. Плодот е средно крупен, со праведно конусна форма, а по некогаш првите плодови имаат деформиран облик. Врвот на плодот е доста изразен. Чашката е средно развиена, а чашкините ливчиња тешко се одвојуваат од плодот. Површината на плодот е со воедначена црвена боја, со голен сјај. Семките се сместени под површината на подот. Месото на плодот е со интензивно црвена боја, цврсто, слатко накисело, и со пријатна арома. Внатрешната шуплина е мала. Плодовите се отпорни на манипулација и транспорт, како и на сивото гниење. Џбунчето е бујно, компакно, со вертикален пораст и формира умерен број на лозички. Листовите се интензивно зелени. Отпорна е на хлороза, а доста осетлива кон дамкавост на листовите. Цвета средно рано, а цветовите се наоѓаат изнад листовите. Погодна е за одгледување во континентални и умерено-континентални услови. Отпорна е на ниски температури. Оваа сорта е изразено родна, со добар квалитет и воедначена големина на плодовите. Сортата е прилагодлива за различни начини на одгледување, на отворено и во заштитени простории. Оваа сорта се покажала како инзвонредна за различни технологии за одгледување за вонсезонско производство на плодови. Со користење на посебни категории на саден материјал, (waiting bed и AA+) обезбедува род доцно на есен, во текот на зимата и рано на пролет. Ова е една од најзастапените сорти во насадите за вонсезонско производство на јагоди.

Елсанта (Elsanta)

jagoda elsanta

Холандска сорта создадена со хибридизација на сортите горила и холидеј. Плодовите се сплескано издолжени до округли, доста крупни. Површината е црвена и сјајна. Месото на плодот е црвенкасто портокалово, конзистентно со одлични органолептички својства. Спаѓа во групата на средно рани сорти. Одлично успева во континентални климатски услови. Плодовите се погодни за свежа употреба, но и за преработка и за замрзнување. Џбунџето има брз пораст и е доста бујно. Листовите се доста крупни и интензивно зелени. Осетлива е на дамкавост на листовите. Погодна е за одгледување во затворени услови за вонсезонско производство на плодови.

Зенга зенгана (Senga Sengana)

senga sengana jagoda 

Потекнува од Германија. Спаѓа во групата на подоцни сорти. Плодот е средно крупен, а во подоцните берби плодовите се намалуваат. Има конусна форма, темно црвена боја. Месото е цврсто и сочно, слатко накисело и ароматично. Сокот на плодот е интензивно обоен. Во плодот нема внатрешна шуплина. Чашката лесно се одвојува од плодот. Одлично поднесува транспорт и манипулација. Не е многу погоден за свежа употреба, а е одличен за смрзнување и преработка. Смрзнатите плодови од оваа сорта масовно се користат во Западна Европа. Формира голем број на соцветија и цветови, па поради тоа плодовите често остануваат ситни. Цвета средно доцна, а цветовите се осетливи кон доцните пролетни мразеви. Ова е една од најродните сорти јагоди. Одпорна е на суша, пепелница на листовите и црвенкаста срж на коренот. Средно е осетлива на дамкавост на листовите, а осетлива е на сивото гниење. Поради поголемиот број на позитивни особини препорачливо е оваа сорта помасовно да се одгледува особено на производство на плодови за замрзнување.

Пегазус (Pegasus)

jagoda pegasus

Потекнува од Англија, а создадена е со хибридизација на сортите горела и редгонтлет. Ова е една од најквалитетните доцни сорти јагоди. Плодовите се со правилна конусна форма, со отворено сјајно црвена боја, многу цврсти и атрактивни. Одлично поднесува транспорт и манипулации. Месото е слатко накисело, со пријатен вкус. Погодна е за свежа употреба но и за замрзнување. Џбунчето е бујно, со исправен порас и многу родно. Листовите се средно крупни, со темно зелена боја. Подобро успева на умерено влажни почви. Ова сорта има доста добра отпорност кон почвените заболувања, а умерено е осетлива на пепелница на листовите. Сортата пегазус е погодна за одгледување во затворени простории, а одлични резултати дава и на отворено.

Get a better hosting deal with a hostgator coupon or play poker on party poker
Copyright 2011 Опис на некои сорти на јагодa - Page 2.
Joomla Templates by Wordpress themes free