Овоштарство во Македонија

Овошје и развој на овоштарството во Македонија

 

Goji Berry rasad i sadnici vo Makedonija

Print

Goji Berry rasad i sadnici vo Makedonija
Гоџи Бери расад и садници во Македонија

Vo medicinata poznat po naziv ’’CRVEN DIJAMANT’’ - Prirodna pomoš za revitalizacija na sostojbata i zdrav organizam

Goji Berry invitro sadnici-goji-berry
Rasadot - sadnicata na se dobiva po pat na invitro Rasad koj e spremen za nasad vo otvoreno pole
40 dena 60 dena
Goji Berry nasaden sadnik od 40 dena Goji Berry razvien sadnik od 60 dena
goji-formiranje-plod goji-zreli-plodovi
Goji Berry formiranje na plod 15 dena posle cvetanje Goji Berry rasad koj e spremen za nasad vo otvoreno pole

 

Berba na Goji Berry 
Berba na Goji Berry
SELEKCIJA I ČISTENJE PLODOVI ZA PONATAMOŠNA OBRABOTKA NA GOJI BERRY
SELEKCIJA I ČISTENJE PLODOVI ZA PONATAMOŠNA OBRABOTKA NA GOJI BERRY

 

GOJI BERRY ENERGETSKA VREDNOST, TEHNOLOGIJA NA PROIZVODSTVO I EKONOMSKA OPRAVDANOST

Amerikanskite i evropskite naučnici i stručnjaci ja smetaat za ovošje na vekot. Istraživanjeto potvrdilo deka Goji plodovite sodržat 18 aminokiselini, koi se neophodni za organizmot, 21 mineral, site glavni i mnogu sporedni vitamini, aminokiselini i ostanati sostojki potrebni za jaknenje na imunitetot na organizmot koi se preduslov za zdrav i dolg život na čovekot. Znači, bobinkite na Goji se naogjaat na prvo mestu na ORAC listata, koja gi meri antioksidativnite svojstva so fantastični 23.000 edinici na 100 g Goji Berry bobinki.

Na vtoro mesto e slivata koja ima (samo) 5.770 edinici. Učinokot koj e povekje od fantastičen se veruva za antioksidansite koi go sprečuvaat procesot na odumiranjae na životo tkivo, početok i razvitok na karcinomot vo teloto i različnite oblici na rak vo teloto, posebno rak na matkata i dojkite koj ženite, prostata kaj mažite i rak na debeloto crevo.

Kako ovošna vrsta, e grmuška koja raste od 2-3 metra vo visina i 2 metra vo prečnik. Cveta od šestot do osmiot mesec, a plodovite sukcesivno sozrevaat od devetiot do edinaestiot mesec vo godiniata vo zavisnost od prvite mrazevi i niski temperaturi. Plodovite na Goji se crveni bobinki, dolžina 1-2 cm, koje se jadat vo sirova sostojba ili osušeni. Bobinkite po vkus podsekjaat na grozje, a od bobinkite isto taka se pravat: sokovi i sirupi, čajevi, likeri, dodatoci kako vo vino, jogurti, razni recepti so hrana, piletina ili dodatci za salati. Dnevnata kolicina za vnes po osoba e od 10-30 grama osušen (suv) plod.

Se sadi vo bavči, ogradi, plantaži i ne bara (gotovo) nikakva nega na prskanje ili zaštita. Do kolku se odgleduva vo plantaži na podračja so semiaridna ili aridna klima, ili na peskovita zemla, a da bi se obezbedil korektan prinos, potrebno e navodnuvanje i folija na zemjišteto koja štiti od korov i isparuvanje na vodata (vlaga) od zemjišteto. Vo bavči, ogradi, plantaži se sadi na razmer 3 x 3 metri ili 1100 sadnici /ha.

 

"GDI AGRO D.O.O" OD SKOPJE - MAKEDONIJA E GENERALEN ZASTAPNIK I UVOZNIK NA SERTIFICIRANIOT MATEREAL SO FITOSANITAREN PASOŠ

- SADNICITE SU PROIZVEDENI INVITRO ( OD TKIVO ) PRILAGODENI ZA MAKEDONSKI USLOVI

- PORADI NAČINOT NA PROIZVODSTVO NA SADNOT MATERIJAL SADNICITE ZA PROLETNO SADENJE SE OBEZBEDUVAAT SO NARAČKA DO SREDINA NA DEKEMVRI OD MINIMUM 30% VREDNOST NA SADNIOT MATERIJAL

Tel: +389 (0)77 911 375

Print

Историја на мушмулата

musmula

Мушмулата е стар овошен вид, кој во Стара Грција се споменува уште пред 2000 години п.н.е. Во дива состојба е раширен во Кавказ, Крим, Северен Иран, Мала Азија, Балкан, Блиски Исток и пошироко во Америка, Африка и Европа. Оваа култура е значајна по тоа што вирае во релативно неповолни услови. Уште повеќе што многу е отпорна на ниски температури. Оваа овошна култура цути меѓу најдоцните овошни видови и нема опасност од доцните пролетни мразеви. Исто така доста е отпорна на болести и штетници.

Морфолошки особини на мушмулата

    Оваа култура е како и дуњата средно развиена овошка, а често може да биде и грмушка со височина од 2 до 5 м. Лисјата се издолжени, елипсовидни и кожести. Цутовите се пооделни и крупни, бели по боја, а како сите видови од Rosaceae имаат 35 прашници и 5 слободни толлници. Мушмулата како и дуњата донесуваат цут на овогодишен летораст, односно од цутната пупка најпрво потерува ластарче од неколку сантиметри и на врвот се јавува цут. Во плодот има од 3 до 5 семки завиткани со мезокарп. Коренот е жилест и од него не потеруваат изданоци. Мушмулата е автофертилна, а може да раѓа и партенокарпно. Има добар афинитет со оскорушата, дуњата и крушката. Идржува температура и до -20°C и затоа во поладни краеви на републиката не е раширена.

Еколошки карактеристики на мушмулата

    Добро вирае во региони на виновата лоза, бидејќи е љубител на сонце. Есенските доцни дождови и го смалуваат квалитетот, а понекогаш плодовите пукаат од прилив на вода и потоа скапуваат. Како овошен вид малку страда од болести и штетници, особено јаболковиот црв може да направи доста големи штети.

Сорти на мушмули

     Од дивите видови на мушмули има само еден вид и тоа Mespilus germanica, а од оваа врста настанале повеќе вариетети, кои се сведуваат во две групи: Вариетет Макрокарпа - од кој води потекло ситноплодни и крупноплодни мушмули; Вариетет Абортива - од кој водат потекло бессемени сорти.

krupnoplodna musmula mespilus sp. drvo od musmula domasna sitnoplodna musmula

 

     Досега се опишани мал број на мушмули. Од оваа група на ситно плодни мушмули не се детерминирани сорти мушмули и сите мушмули од оваа група се водат под едно име како домашни мушмули. Крупноплодните сорти се поатрактивни со својата големина но имаат многу послаб квавлитет на месото и поради тоа нема многу голем интерест од страна на производителите. Имаат крупни плодови од 50 до 60 гр. Од оваа група на сорти кај нас позната е сортата холандска крупна мушмула. Нејзиниот плод е скоро 2 пати поголем во однос на плодот од ситноплодната домашна мушмула. Плодот е малку сплескан и има потемна боја во однос на домашната мушмула. Од крупно плодните сорти има уште една позната како кралска, но кај нас не е застапена. Кај ситно плодите форми овошките се побујни во однос на крупно плодните сорти.

Print

Иторијат и стопанско значење на фисташка (Ф'СТАК)

fistaska - ф'стак 

Фисташката како култура се води од многу одамна. Веројатни центри од каде потекнува оваа култура се: Средна Азија, северозападна Индија, Авганистан, Иран, Задкавкаскиот регион и Сирија. Во денешниот средоземно морски регион позната е уште од III век п.н.е. каде и денес е широко рааспространета, и тоа во Грција, Сицилија, Шпанија, Северна Африка и други. Подоцна е пренесена во југозападниот регион на Соединетите Американски Држави, каде денес масовно се одгледува во плантажни насади. На север фисташката оди до јужна Молдавија каде се одгледува во насади. Кај нас како фисташка е пренесена пред 40 години. Овие овошки се калемени на Пистација теребинтхус во арборетумот на Шумарскиот Факултет во Скопје.

     Пред 50 години се инпродуцирани и други садници од Грција и се посадени на неколку места во Македонија. Според досегашното однесување на овошките може да се констатира дека фисташката кај нас може да вирае. Климатските и почвените услови за неа се особено погодни во средниот и јужниот дел на Македонија. Во дворовите топлотниот режим е подобар и може да се одгледува и во други региони.

   Фисташката е најквалитетно и највкусно јаткасто овошје со висока енергетска, хранлива, диетална и лековита вредност. Со големите сјајни листови, гроздестите плодови и убавата круна фисташката го разубавува дворот. Спаѓа во јаткасто овошје кое успешно се култивира во суптропска и умерено континентална климатска зона. Таа е типично ксерофитно растение и нејзиниот природен ареал се аридните, полупустински па и пустински реони на Средна Азија и Блискиот Исток. Фисташката е топлољубиво растение, кое бара долги, суви и жешки лета.

     Денешното светско производство на фисташка се движи околу 500 илјади тони. Најголемо производство има во Иран,потоа во Соединетите Американски Држави, Турција, Сирија, Кина, Грција, Авганистан, Италија и итн.

     Во овие места спаѓаат во аридни топли реони со континентална па и пустинска клима. Во граничните пустински реони преживува и со 30 до 50мм годишна сума од врнежи. Живее со векови. Некои Азиски народи ја сметаат за свето дрво и не ја селат. Тоа е единствено широколисно дрво со смолни канали. Смолата има пријатен мирис и во некои земји се екстрахира и користи. Јатката од фисташката содржи од 47 до 56% масти, 17.4 до 24% протеини, 4 до 19% јаглехидрати, 4 до 6.5% целулоза, 2.5 до 3% пепел. Плодот од фисташката се користи за свежа конзумација и за разни видови кондиторски производи. Мастите се користат во кознетичка индустрија, додека смолата се користи во фармацевската индустрија. Дрвото е многу квалитетно и се користи за правење на мебел.

     Кај нас во диви форми расте само еден вид од овој род Pistacia terebinthus L., позната како смрдлика, смрдулка, заради мирисот на смолата. Кај нас фисташката е преспективен овошен вид кој брзо треба да се шири во производството особено во јужните потопли региони.

Морфолошки карактеристики и еколошки услови на фисташката

     Фисташката спаѓа во фамилија Anacardiaceae, род Pistacia, во кој се застапени околу 20 видови. Од сите нив најголемо значење има само видот Pistacia vera чии плодови се користат во исхраната на луѓето. Фисташката е долгогодишно листопадно растение кое достига старост и до 500 години. Во првите години формира долг неразгранет коренов систем. По неколку години се развиваат голем број на скелетни корени кои за неколку пати се подолги од радиусот на круната. Благодарение на моќниот, широкиот и длабоко рааспространетиот коренов систем фисташката расте и обилно плодоноси во исклучително суви услови. Надземниот дел се развива како средно бујно стебло, со јако разградена круна, со висина до 6м. Расте многу бавно. Во првите 2 до 3 години надземниот дел достига висина од само 50 цм. Лисните пупки се мали, листовите се развиваат по цветовите, тие се сложено перести.

    Фисташката е дводомно растение. Цветните пупки кај машките растенија се покрупни од женските и цветаат 4 до 5 дена порано. Цветањето започнува во првата половина на април, а во поладно време цветањето се одвива подоцна и продолжително. Цветовите се соберени во гроздовидни реси, машките имаат од 1 до 2 околуцветни ливчиња и 3 до 5 прашници, а женските имаат 2 до 5 околу цветни ливчиња и еден плодник си триделно столбче. Опрашувањето се врши со помош на ветер. Заради обезбедено опрашување во насад на десетина женски треба да има едно машко растение. Плодовите зреат во втора половина на септември. При созревањето мезокарпот се распукува, и се оделува од коската. Кај многу сорти коската распукува по шавот.

     Фисташката се развива најдобро на типични карбонатни, длабоки и отцетни почви. Поднесува доста и чакалести, каменливи почви. Подобро се развива на источни, јужни и југозападни експозиции, со наклон до 12° и надморка висина од 600 до 700 м. Овој вид е исклучително отпорно растение на суша што се должи на јако развиениот коренов систем но и на изобилството на смола која за време на сушниот период постепено се разградува при што ослободува вода. Заради оваа особина фисташката се развива одлично и во услови каде годишните врнежи изнесуваат и од 100 до 250 мм и со долготрајни летни сушни периоди. Во текот на летото без штети поднесува високи температури и над 42°C и зимски ниски температури до -30°C. Фисташката е многу светлољубиво растение, поради ова не поднесува засенчување кое се јавува во густ насади. Заради тоа растенијата во насади се садат на поголемо растојание 6х6 или 6х5 м.

Сортимент и размножување на фисташката

     Досега се создадени мал број на сорти од фисташката. Како главни земји кои селекционираат сорти фисташки се земјите од реонот на Средоземното Море, Азербеџан, Турција, Иран, Сирија и Соединетите Американски Држави. Кај нас е инпродуцирана грчката сорта Аегина која во наши услови дава задоволителни резултати.

fistaska batops fistaska vera fistaska vera fistaska aegina

     Фисташката во природата се размножува со семе, но на овој начин не ги пренесува верно особините на мајчиното растение. Половите до новото растение се машки. Семенците многу бавно растат. Порано, а делумно и сега фисташката се садеше со семе дирекно во насад, а после неколку години сменците се калемат со питоми сорти. Во Сирија најдобра доплога за фисташката се покажала сортата Батоопс која брзо расте и во првата година до септември стеблото е дебело од 8 до 10 мм, и може да се окулира на заспана пупка. Во Калифорнија како подлога се користат семенци од Пистациа атлантица, каде фисташката може да се калеми на повеќе начини. Најдобар начин на калемење е окулирање на изрез кога младите подлоги ќе достигнат дијаметар од 6 до 15 мм. Најдобро време е мај - јуни на будна пупка со зрели питомки. Во јули може да се калеми на будни или заспани пупки со питомки од тековната вегерација. Во август се калеми на заспана пупка. Може да се калеми и Т зарез но примањето е нешто послабо. При калемење на будна пупка подлогата се свиткува, а кога ке потера леторастот се отсранува над калемот.

Print

Историјат и стопанско значење на костен

 kosteni

Костенот е стара овошна култура која потекнува од терцијарниот период. Од праисториско време потекнува од крајбрежјето на Средоземното Море (најверојатно до Сардинија). Поради големата способност за адаптација подоцна костенот се проширил надвор од границите на природната постојбина и навлегла длабоко во континенталното подрачје. Во природните шумски популации костенот се наоѓа во асоцијација на даб и бука. Костенот е стопански значајна овошна култура во некои земји од Европа, Азија и Северна Америка, а делумно и во некои земји од Северна Африка. Кина е најголем светски производител на костени. Во Европа поголеми производители на костени се: Италија, Франција, Шпанија и Португалија. Костенот е прилагоден на умерени, топли и повлажни подрачја, на длабоки, топли, пропусливи почви, со растресито каменлива здравица поставена на силикатна подлога. Иако костенот е значајна култура и чие одгледување е доста рентабилно и ефикасно, кај нас одгледувањето е крајно запоставено и единствено се среќава во спонтани природни популации во неколку региони погодни за успевање на оваа култура.

     Питомиот костен во природна популација вo Македонија е раширен на неколку локации и тоа: дебарско-струшкиот регион, гостиварско-тетовскиот регион, кичевско-бродски регион и битолско-прилепски регион, а во скопскиот регион е распространето во северната страна на планината Водно и на југозападна страна на Скопска Црна Гора, потоа во струмичкиот регион на северната страна на планината Беласица и на други локации но во помали размери. Во природни асоцијации костенот се размножува со изданоци и со семе. Во расадниците може да се калеми на семенци добиени од семе на питом костен. Овошките добиени по пат на калемење прородуваат многу побрзо во споредба со овошки настанати од семе.

Морфолошки карактеристики и еколошки услови на костенот

     Одгледувањето на костенот има многу позитивни страни како што се: долговечна култура, овошките постигаат старост и над 500 години, имаат одлична родност, има мал број на природни непријатели (болести и штетници), ако се одгледува во поволни еколошки услови може да се одгледува и без никаква заштита. Плодот до костенот има голема биолошка вредност. Костенот содржи скроб од 38 до 42%, шеќер од 22 до 29%, масти од 3.0 до 7.2%, белковини 5.2 до 5.8%, целулоза од 1.6 до 2.8%, минерални материи од 0.98 до 2.1%, витамин С од 10 до 37 мг/% и други корисни материи.

     Плодовите на костенот созреваат на крајот на октомври. Тие се транспортабилни, лесно манипулативни, и може да се чуваат долго време. Плодовите може да се користат за свежа употреба но и во разни видови кондиторски производи. Костенот претставува одлична пчелна паша. Од котата на плодовите и листовите се добиваат танини кои имаат многу струко значење во прехрамбена, фармацевска индустрија и во индустријата за намештај. Дрвото од костен има одличен квалитет за користење во градежништвото и како техничко дрво. Стеблото од костен достига големи размери, со разградена круна и декоративен изглед и поради тоа има голема примена во пејсажната архитектура како украсно растение.

     Костенот спаѓа во родот Fagales, фамилија Fagaceae и родот Castanea. Родот Castanea се дели на 3 секции, а секоја секција има по неколку видови.

Опис на некои видови питом костен

castanea dentata castanea crenata castanea molissima castanea pummils

     Питомиот костен спаѓа во секцијата Eucastanon која во шишарката има по 2 до 3 плода. Има неколку видови на питом костен, и тое: Castanea sativa - европски, Castanea dentata - америкаснки, Castanea crenata - јапонски, Castanea molissima - кинески и Castanea pummila - виргиниски.

 

Европски костен

castanea sativa

Европскиот костен е раширен како самоникнато шумско дрво или како култивирана овошка низ деловите на јужна и југоисточна Европа, а особено на медитеранската област. Во спонтаната популација овошките достигнуваат висина и над 30 м, со дебелина на стебло од 2м. Костенот има одвоено машки и женски цветови кои се наоѓаат во пазувите на листовите од потераните леторасти. Соцветијата имаат цилиндрична форма. До едно соцветие има до 80 цветови. Машките цветови се во групи од 6 до 7 заедно, а секој од нив има по 14 прашници. На една родна гранка има по неколку машки соцветија и најчесто едно и тоа при врвот е женско соцветие. Женските цветови се во ежевка. Се опрашуваат со ветер и со инсекти. Цути доста доцна, дури во јуни. Периодот на пораст на плодовите трае од 120 до 130 дена. Плодовите созреваат во октомври. Плодовите се најчесто оклругли или сплескани во случај да се наоѓаат во средина на ежевката. Рандманот на јатките изнесува до 95%. Калемените овошки прородуваат во 3 до 4 години. а периодот на плодна родност настапува околу 15 години. Поради доцното стапување во полно плодоносење препорачливо е во насадите од костен да се одгледуваат други овошни видови како подкултури.

Print

Ботаничка припадност и стопанско значење на актинидија (киви)

kivi karakteristiki 

Актинидија (киви) е егзотично, повеќегодишно, листопадно, дводомно, лијанесто растение кое спаѓа во групата на јагодесто и суптропско овошје. Потекнува од Југоисточна Азија. Има голем број на видови во дива форма но само видовите Actinidia deliciosa и Actinidia chinensis имаат поголемо стопанско значење. Во светски рамки се произведуваат околу 1 милион тони плодови од актинидија. Најголем производител е Италија, а по неа следи Ноз Зеланд, Чиле, Франција и итн. Плодовите на актинидија имаат висока биолошка вредност, и пријатни се за конзумација во свежа состојба. Тие содржат поголема количина на јаглен хидрати, киселини, витамини, белковини и минерални материи. Плодовите можат да се користат и за различни видови на преработка. Актинидијата најдобро успева во медитерански, субмедитерански услови на кај нас со помал успех меже да се одлегува и во потоплите континентални подрачја. Во поволни услови актидинијата може да даде високи приноси и над 30 т/ха.

     Актидинијата спаѓа во класа Magnoliate, ред Theales, фамилија Actinidiaceae, род Actinidia, а овој род се дели на 4 секвенци кои опфаќаат повеќе од 60 вида. Во создавање на културните сорти актинидија свое учество имаат 5 вида кои потекнуваат од Азија и тоа: A.afruta, A. colomikta, A. poligama, A. chinensis и A. deliciosa.

      Актинидијата е повеќе годишно растение кое е по своите морфолошки особини е слична на винова лоза. По својата природа на растење спаѓа во лијани и за исправен пораст потребна им е потпора. Леторастите растат интензивно од 4 до 5 м, а и повеќе. Во поволни услови може да живеее и до 50 години. Таа е дводомно растение и затоа во еден насад треба да се посадат женски и масшки растенија. Во пракса обично се садат едно машко и 6 до 8 женски растенија. Поленот од машките цветови е тежок и леплив па за опрашување на женските цветови потребни се инсекти односно пчелни семејства. Во последно време се создадени сорти со двополови цветови кои може да се одгледуваат како моносортни насади.

      За разлика од голем број на овошни култури кај нас досега кај актинидијата не се регистрирани болести и штетници, и поради тоа оваа култура практично се одгледува без заштита. Растенијата од актинидијата може да се одгледуваат на различни системи и тоа шпалир, пергола и тунел.

Еколошки услови на актинидија

      Овој овошен вид расте во потопли краеви каде што има доволна релативна влажност во возсухот односно покрај големи водени површини. Во однос на топлината има релативно високи барања. Најдобро успева со региони со средна годишна температура од 14.5 до 15°C. Во периодите на длабоки зимски мирувања културните сорти актинидија можат да издржат температура од -17 до -18°C. Од доцните пролетни мразови можат да измрзнат штотуку израстанти леторасти. Актинидијата исто така може да настрада и од рани есенски мразеви.

      Оваа култура за својот развој троши голема количина на вода па затоа за нејзино успешно одгледување во наши услови задолжително е наводнувањето.

      Во односот на почвените услови актинидијата најдобро вирае на длабоки, добро дренирани и лесни почви со добар воздушен и топлотен режим. Добри почви се со содржина од 2 до 3% хумус, pH од 5.5 до 7, а физиолошки активни карбонати не повеќе од 5 до 6%.

Опис на некои сорти на актинидиа

     Бидејќи актинидијата е дводомно растение се дели на: женски сорти (со функционално женски цвет) и машки сорти (Функционално машки, опрашувачи). Од женските сорти актинидија познати се неколку сорти и тоа: хејворд, топстар, бруно, монти, абот, елисон и други. Најпознати функционални машки сорти се: томура и матуа.

Хејворд

hejford antinidija kivi 

Ова е водечка светска сорта која е пронајдена во Нов Зеланд, во 1920 година, а во производство е од 1930 година. Во наши услови се бере прикрајот на октомври и почеток на ноември. Во ладилник плодовите можат да се чуваат од 5 до 6 месеци, на температура од 0 до 1°C. Оваа сорта е средно бујна, почнува да раѓа по 3 до 4 години. Осетлива е на хлороза, суша и ниска релативна влажност на воздухот. Цветовите се поединечни со кремасто бела боја. Со цветање започнува прикрај на мај, а добар опрашувач е сортата томура.Плодовите се крупни околу 100гр, воедначени по големина, по форма елиптично јајчести. Покриени со кафеава покожица и многубројни влакненца. Месото е со зеленкасто, сјајно сламеста боја, топива и со одличен слатко накисел вкус и квалитет.

Поради големиот број на позитивни особини оваа сорта во селекциони центри се користат како сорта која служи при хибридизација за создавање на нови сорти или пак од неа се издвојуваат поквалитетни клонови. Такви се сортите: топстар, елизабет, хејворд клон К, Katiuscua.

topstar mutant hejford elizabet mutant hejford hejford klon k katiuscia mutant hejford

Топстар - која е мутант од хејворд, има крупни плодови до 150 гр, по форма елипсично јајчести, со светло кафеава и влакнеста покожица. Откриена во Италија во 1985 година.

Елизабет - мутант, се бере многу рано крај на септември почеток на октомври, плодовите се крупни до 160 гр, со цилиндрична форма.

Хејвор клон К - мутант од хејворд, одберен во Италија во 1985 година. Се бере 10 дена пред изворната сорта. Плодот е крупен од 120 до 140 гр, по форма издолжено овален.

Katiuscia - создадена во Италија во 1992 година со хибридизација на сортите хејворд и АД 117. Плодовите се многу крупни до 160 до 180 гр, по форма се елиптично топчести.

Get a better hosting deal with a hostgator coupon or play poker on party poker
Copyright 2011 Овоштарство во Македонија.
Joomla Templates by Wordpress themes free